procenka

 

Во Законот за безбедност и здравје при работа, е воведен нов термин, а со тоа и нова постапка во намалување на штетните влијанија кои произлегуваат од секојдневниот процес на работа, кои директно ги засегаат вработените, но во исто време, и работодавачите.

Воведувањето на поимот “ризик” во македонската заштитарска лексикографија предвидува дека не постои ниту едно работно место без опасност или ризик од настанување на повреда при работа или професионално заболување. Затоа, следбено на ова становиште, работодавачот е должен за сите работни места, без исклучок, да изготви т.н. изјава за безбедност, која во себе ќе ги има сите параметри на работното место, опасностите кои се присутни и да направи проценка на можноста од настанување повреда, или професионално заболување кај непосредниот вработен со изложувањето на непосредната опасност/штетност.

Со изведувањето на оваа активност, работодавачот е должен внимателно да испита што при самиот работен процес може да доведе до ги повреди при работа, професионални заболувања и болести во врска со работата и кои мерки на предострожност, или заштита, треба да се преземат, за ризикот да биде намален.

Многу е важно е да се разбере дека самата проценка на ризик не е насочена единствено кон заштитување на вработените. Таа, воедно, директно е конципирана да го заштити и самиот бизнис од непредвидени и неконтролирани настани кои, пак, можат за многу кратко време да го доведат до пропаст.

Заради самата комплексност и одговорноста, пред сé, процесот на проценка на ризик не може да биде спроведуван од луѓе кои немаат соодветно образование, соодветно работно и професионално искуство. Затоа, единствено стручни лица (правни и физички) е можно истите да ги вршат по претходно добиено овластување од страна на Министерот за труд и социјална политика.

Проценката на ризик треба да ја извршува тим составен од стручни лица за безбедност при работа, доктори специјалисти по медицина на трудот, експерти од одделни области, а да се вклучени и самите работници и нивниот претставник за безбедност и здравје при работа.

Изјавата за безбедност со проценка на ризик на работното место и работната средина, потребно е да се менува и дополнува во случај:

  • на фатални повреди на работа со смртни последици и тешки повреда на работа
  • кога постојните мерки за отстранување, намалување или спречување на ризикот не се доволни, односно не одговараат на проценетата состојба
  • кога проценката е темелена на податоци кои не се веќе ажурни и
  • кога постојат можности и начини за унапредување, односно дополнување на проценката

Согласно член 5 од Правилникот за начинот на изготвување на изјава за безбедност, нејзината содржина, како и податоците врз кои треба да се заснова процената на ризикот (“Сл.весник на РМ“,бр.02/09), Изјавата за безбедност на работодавачот, треба да содржи особено:

  • датум на издавање на изјавата;
  • податоци на лицата кои учествувале при изработка на изјавата за безбедност со проценкa на ризикот
  • податоци за претходни прегледи и испитувања на средствата за работа
  • податоци за работните места, организациските единици на работодавачот и бројот на вработени
  • проценка на ризикот и
  • податоци за стручните лица за безбедност при работа и за овластената здраствена установа

Казнените одредби за неизготвување и не спроведе изјава за безбедност спаѓаат во Прекршоци од трета категорија односно глоба во износ од 5.000 до 8.000 евра во денарска против вредност ќе се изрече за прекршок на правното лице, ако не изготви и не спроведе изјава за безбедност во писмена форма, или таа не е изготвена според прописот од членот 11 на законот за безбедност и здравје при работа (член 11 ставови (1) и (4)).

ПРОГЕН З

Иновативни методи за зачувување на безбедноста и здравјето на Вашите вработени