ispituvanja

 

Согласно Членовите 33 – 35 од Законот за безбедност и здравје при работа (“Сл.весник на РМ“, бр.92.07), работодавачот е должен да изврши повремени прегледи и испитувања на работното место, околината и средствата за работа.

Работодавчот е должен средствата за работа да ги одржува во исправна состојба, да ја проверува исправноста и безбедноста за работа со повремени прегледи и испитувања кои ги врши на начин и во рокови пропишани со актот што тој го донесува, односно со упатството на производителот, техничките прописи и стандарди.

Ако не се предвидени рокови, тогаш проверката се врши:

  • пред првата употреба
  • по реконструкција и хаварија
  • по преместување од едно до друго работно место
  • по извршена измена на технолошката опрема

Не смее да се дозволи употреба на орудие за работа или опрема кои се неисправни, како и доколку за истите нема јавна исправа дека се применети пропишаните мерки, нормативи и стандарди.

За опремата за работа која се употребува на работното место треба да бидат обезбедени соодветни известувања и писмени упатства од страна на работодавачот.
Тие треба да содржат податоци за безбедноста и здравјето во однос на:

  • условите за безбедна работа на опремата за работа
  • предвидливи и невообичаени околности
  • заклучоци стекнати од праксата при употреба на опремата за работа
  • известувањата и писмените упатства треба да бидат разбирливи

Минималните барања за опремата за работа и одредбите за употреба на опремата за работа се дадени во Прилозите кои се составен дел на Правилникот за безбедност и здравје при употреба на опремата за работа.

Во работните и помошните простории во кои се врши технолошкиот процес, најдоцна во рок од една година од отпочнувањето со работа на објектот, односно при промена на технолошкиот процес, реконструкција на објектот, реконструкција на системот за вентилација, греење и климатизација или по извршената измена на технолошката опрема, мора да се врши испитување на хемиските, биолошките и физичките штетностите, микроклимата и осветленоста согласно член 34 и 35 од Законот за безбедност и здравје при работа. Микроклиматските испитувања (температура, релативна влажност и струење на воздух) работавачот е должен да ги брши во летниот и зимскиот период за време на работниот процес.

Вршење на редовни и контролни прегледи на хемиските, физичките или биолошките ризици во работната средина и вршење на редовни и контролни прегледи и испитувања на работната опрема може да се спроведуваат само од страна на овластено правно или физичко лице кое ги исполнува условите во однос на вработени, организацијата, техничките и други услови, од страна на Министерот надлежен за работите од областа на трудот.

ПРОГЕН З

Иновативни методи за зачувување на безбедноста и здравјето на Вашите вработени