Преку планирањето на мерките и средствата за безбедност и здравје при работа, се обезбедува:
- Намалување на можноста од повредување на вработените.
- Намалување на непланираните финансиски трошоци за оштети и медицински лекувања.
- Намалување на трошоците потребни за ангажирање, обучување и следење на работник кој доаѓа на местото на повредениот.
- Зголемување на довербата помеѓу раководството и вработените.
- При евентуална несреќа на работа одговорноста на раководителот/работодавачот се намалува следбено на степенот на применети мерки за безбедност и здравје при работа.