Почитувани,
Ве известуваме дека ПрогенЗ како дел од организацискиот одбор на Конференцијата е во фаза на организирање на првата меѓународна балканска регионална конференција "БЗР БОН-ТОН", која ќе се одржи во Охрид, Македонија, во период од 29-31 октомври 2015 година.
Се одлучивме на овој начин да ја поддржиме идејата за една ваква конференција, бидејќи за прв пат во историјата на регионот, се одржува една ваква конференција која не е организирана од еден субјект ами од повеќе нив; професионални невладини организации, универзитети и од други чинители од областа на безбедноста и здравјето при работа. Ние сме единствена приватна фирма од областа на безбедноста и здравјето при работа која се јавува како организатор, што самото по себе не прави исклучително горди и единствени. Уште еднаш покажуваме зошто сме број 1 компанија во оваа област и зошто како таква несебично вложуваме во развојот на безбедноста и здравјето како основно човеково право.
Идејата на организацискиот одбор на Регионалната конференција е истата да прерасне во традиционална и која секоја година ќе се реализира во друга земја. Оваа година ќе се одржи во Македонија, но веќе следната во 2016 година ќе се одржи во некоја друга земја од регионот, и така натаму во земјите од Југоисточна Европа.
Нејзина цел не е да стане најмасовна конференција во регионот, но повеќе да биде престижна, каде што клучните носители на одлуки и актери во областа на безбедност и здравје ќе имаат единствена можност да се состанат, да дискутираат и да се запознаат со предизвиците на професијата во регионот на Југоисточна Европа. Тоа ќе биде далеку од најважните работи во промовирање на безбедноста и здравјето во регионот на Југоисточна Европа во последните неколку децении.
Ве покануваме да дојдете на овој несекојдневен настан и да бидете дел од историјата, која и овојпат, кога станува збор за заштитата при работа, започнува во Македонија.