Со пригодна церемонија, кај единствениот споменик на загинатите работници во Македонија (познатиот "Рудар" во Маврово), заедно со колегите од Македонското здружение за заштита при работа, преставниците од Конфедерацијата на Слободни Синдикати и Сојузот на Синдикатите на Македонија, ПрогенЗ им оддаде почит на сите загинати работници во изминатата 2012 година.