ОБУКА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА & ОБУКА ЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА, ЕВАКУАЦИЈА И СПАСУВАЊЕ
Според Член 31 и 32 од Законот за БЗР, работодавачот има обврска да изврши теоретска и практична обука на вработените за безбедно извршување на работата врз основа на сопствена програма, и тоа:
- пред да бидат распоредени на работното место
- при преместување од едно на друго работно место
- при промена на орудијата за работа, или на технолошкиот процес
- како и во текот на работата да презема мерки за надополнување на знаењата на работникот од областа на БЗР (нови прописи, сознанија и сл.)
Теоретските и практичните обуки за безбедно извршување на работата се спроведуваат во работно време кај работодавачот или на друго место. Организирањето и спроведувањето на обуката на вработените и нивните претставници ќе бидат на товар на работодавачот.
На секои три години да се обезбеди проверка на оспособеноста за безбедност и здравје на работниците кои работат на работни места каде што има зголемена опасност од настанување повреди на работа и професионални заболувања.
Работодавачот треба да овозможи посебна обука за претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа.
Воедно работодавачот мора да ги информира вработените за безбедно извршување на работата (писмени известувања и упатства), за постоење на ризик на работното место и за мерките што се превземаат за негово надминување, да истакни знаци за предупредување и опасност и упатства за безбедна работа како и да се консултира со вработените за сите мерки за безбедност при работа кои се превземаат.
Согласно член 24 од Законот за БЗР, на секое работно место и во работни простории во кои истовремено работат до 20 вработени, најмалку по еден од нив мора да биде оспосебен и одреден за давање на прва помош, за гасење пожар, евакуација и спасување, а над овој број на секој 20 вработени најмалку уште по еден.