Безбедноста и здравјето е интердисциплинарен концепт на добросостојбата на луѓето кои се вклучени во процесот на работа. Но, во исто време, и заштита на работодавачите од непредвидени и неконтролирани економски и материјални загуби, што произлегуваат од штетите настанати од непримената на мерките за безбедност и здравје на работа. Како секундарен ефект се јавува и заштитата на колегите со кои работиме, индиректно нашите семејства, како и пошироката заедница.
Според дефиницијата на МОТ (Меѓународна организација на трудот / International Labour Organization) од 1950 година со најновата ревизија од 1995, безбедноста и здравјето при работа цели кон...