На 27.09.2010 година во просториите на Министерството за труд и социјална политика ПрогенЗ ДОО се здоби со Лиценца број 1 односно Решение за вршење на стручни работи за безбедност при работа предвидени со Законот за безбедност и здравје при работа, со дел.бр. 07-3569/4 од 01.06.2010 год.

Воедно, ПрогенЗ е сертифициран со Овластување за врпшење ан следните работи:

  • 1. Овластување за вршење на проценка на ризик – Евидентен број 1
  • 2. Овкастување за изготвување на концепт на изјава за безбедност - Евидентен број 2
  • 3. Овластување за изработка и спроведување на програми за обука на вработените за безбедно извршување на работата - Евидентен број 3
  • 4. Овластување за вршење на редовно тестирање и контрола на опрема за работа - Евидентен број 4
  • 5. Овластување за вршење на периодични мерења на хемиски штетности (прашина, аноргански гасови и пареи, CO, CO2, NO2, H2S, SO2, O2, вкупно испарливи органски гасови и пареи), физички штетности (осветленост и бучава) и на микроклиматски услови во работна средина - Евидентен број 5

Ова е уште едно признание за нашата досегашна високо професионална работа, како и обврска за задржување на квалитетот и негово континуирано подобрување. Обезбедувањето на Иновативните методи за безбедност и здравје при работа за Вашите вработени, а воедно и заштита на компанискиот капитал од ризици поврзани со работниот процес е наша Број 1 обврска.

Со почит,

Снежана Јанкова Петковска

ПРОГЕН З

Иновативни методи за зачувување на безбедноста и здравјето на Вашите вработени