obuka

 

ОБУКА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА & ОБУКА ЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА, ЕВАКУАЦИЈА И СПАСУВАЊЕ

Според Член 31 и 32 од Законот за БЗР, работодавачот има обврска да изврши теоретска и практична обука на вработените за безбедно извршување на работата врз основа на сопствена програма, и тоа:

  • пред да бидат распоредени на работното место
  • при преместување од едно на друго работно место
  • при промена на орудијата за работа, или на технолошкиот процес
  • како и во текот на работата да презема мерки за надополнување на знаењата на работникот од областа на БЗР (нови прописи, сознанија и сл.)

Теоретските и практичните обуки за безбедно извршување на работата се спроведуваат во работно време кај работодавачот или на друго место. Организирањето и спроведувањето на обуката на вработените и нивните претставници ќе бидат на товар на работодавачот.

На секои три години да се обезбеди проверка на оспособеноста за безбедност и здравје на работниците кои работат на работни места каде што има зголемена опасност од настанување повреди на работа и професионални заболувања.

Работодавачот треба да овозможи посебна обука за претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа.

Воедно работодавачот мора да ги информира вработените за безбедно извршување на работата (писмени известувања и упатства), за постоење на ризик на работното место и за мерките што се превземаат за негово надминување, да истакни знаци за предупредување и опасност и упатства за безбедна работа како и да се консултира со вработените за сите мерки за безбедност при работа кои се превземаат.

Согласно член 24 од Законот за БЗР, на секое работно место и во работни простории во кои истовремено работат до 20 вработени, најмалку по еден од нив мора да биде оспосебен и одреден за давање на прва помош, за гасење пожар, евакуација и спасување, а над овој број на секој 20 вработени најмалку уште по еден.

Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука Обука

ПРОГЕН З

Иновативни методи за зачувување на безбедноста и здравјето на Вашите вработени