Conference 214 copy

Компаниијата ПрогенЗ и понатаму останува број 1 во областа безбедност и здравје при работа, како во начинот на кој работи, така и во поддршката која ја овозможува на субјекти кои ја развиваат и унапредуваат заштитата при работа преку своето работење. Овојпат станува збор за подршката која ја дадовме како компанија на Втората Меѓународна конференција во организација на Македонското здружение за заштита при работа, која се одржа од 25 до 28 април 2013 во прекрасниот предел покрај Мавроското езеро во хотелот Радика.

На самата конференција беа присутни бројни преставници на домашни и странски авторитети од областа на безбедноста и здравјето при работа, како и бројни домашни компании, меѓу кои и нашата ПрогенЗ.

Ја користиме оваа прилика да му честитаме на организаторот на овој настан, Македонското здружение за заштита при работа за професионално организираниот настан и посакуваме и идни вакви бројни настани кои имаат за цел афирмација на заштитата при работа.

Повеќе информации на страната на МЗЗПР

Со почит,

Снежана Јанкова Петковска

Управител

ПРОГЕН З

Иновативни методи за зачувување на безбедноста и здравјето на Вашите вработени