15 и 16 мај 2015 година Обзор, р. Бугарија  

Претставници на ПрогенЗ учествуваа на првата меѓународната конференцијата за безбедност и здравје при работа која се одржа во Обзор, р. Бугарија од 15 до 16 мај 2015 година, во организација на Фондацијата „Центар за безбедност и здравје при работа". Тема на оваа конференција беше континуирана професионална едукација. Г-дин Милан Петковски, претседател на МЗЗПР одржа презентација на тема работата и дејствувањето на МЗЗПР. На конференцијата беше создадена и неформалната мрежа BALCanOSH Network

Во духот на унапредување и поголема професионализација и афирмација на заштитата при работа како во Република Македонија, така и вон неа, нашата компанија и понатаму ќе ги помага и директно и индиректно ќе учествува во активностите на професионалните организации на инженерите по заштита при работа, така и на стручните лица за безбедност при работа.

(Слика: Маскотата на евопската агенција за безбедност и здравје при работа НАПО, со управителот на фирмата ПрогенЗ, г-ѓа Снежана Јанкова Петковска, д.и. ЗПР)
Sneze i NAPO 

 

 

ПРОГЕН З

Иновативни методи за зачувување на безбедноста и здравјето на Вашите вработени