Во Сицилија, Италија, во периодот од 29.04 до 03.06.2018 година, се одржа работилница на тема: УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА #БЕЗБЕДНА И #ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Република Македонија) во организација на #МЗЗПР и #Стопанскакомора на Македонија. Со особена чест и задоволство, предавач на оваа работилница беше М-р Снежана Јанкова Петковска, управител на Проген З ДОО Скопје.

Број 1

 

Решение за вршење на стручни работи за безбедност при работаНа 27.09.2010 година во просториите на Министерството за труд и социјална политика ПрогенЗ ДОО се здоби со Лиценца број 1 односно Решение за вршење на стручни работи за безбедност при работа предвидени со Законот за безбедност и здравје при работа, со дел.бр. 07-3569/4 од 01.06.2010 год.

Воедно, ПрогенЗ е сертифициран со Овластување за вршење на следните работи:

 

  1. pdf Овластување за вршење на проценка на ризик – Евидентен број 1
  2. pdf Овластување за изготвување на концепт на изјава за безбедност - Евидентен број 2
  3. pdf Овластување за изработка и спроведување на програми за обука на вработените за безбедно извршување на работата - Евидентен број 3
  4. pdf Овластување за вршење на редовно тестирање и контрола на опрема за работа - Евидентен број 4
  5. pdf Овластување за вршење на периодични мерења на хемиски штетности (прашина, аноргански гасови и пареи, CO, CO2, NO2, H2S, SO2, O2,  вкупно испарливи органски гасови и пареи), физички штетности (осветленост и бучава) и на микроклиматски услови во работна средина - Евидентен број 5

Ова е уште едно признание за нашата досегашна високо професионална работа, како и обврска за задржување на квалитетот и негово континуирано подобрување. Обезбедувањето на Иновативните методи за безбедност и здравје при работа за Вашите вработени, а воедно и заштита на компанискиот капитал од ризици поврзани со работниот процес е наша Број 1 обврска.

Повелете и јавете се доколку Ви е потребен консалтинг од областа на безбедноста и здравје при работа, односно доколку имате интерес за некоја од услугите што ги нудиме. Отворени сме за соработка и остварување на заедничките цели - безбедна и здрава работна средина.

Како да дојдете до нас?

ПРОГЕН З ДОО
ул. 29 Ноември бр. 50
1000 Скопје
Р. Македонија

Тел/факс: +389 2 3245 056

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
www.progenz.biz

ЛИЦЕНЦА БРОЈ 1!ЛИЦЕНЦА БРОЈ 1!ЛИЦЕНЦА БРОЈ 1!ЛИЦЕНЦА БРОЈ 1!ЛИЦЕНЦА БРОЈ 1!

Conference 214 copy

Компаниијата ПрогенЗ и понатаму останува број 1 во областа безбедност и здравје при работа, како во начинот на кој работи, така и во поддршката која ја овозможува на субјекти кои ја развиваат и унапредуваат заштитата при работа преку своето работење. Овојпат станува збор за подршката која ја дадовме како компанија на Втората Меѓународна конференција во организација на Македонското здружение за заштита при работа, која се одржа од 25 до 28 април 2013 во прекрасниот предел покрај Мавроското езеро во хотелот Радика.

На самата конференција беа присутни бројни преставници на домашни и странски авторитети од областа на безбедноста и здравјето при работа, како и бројни домашни компании, меѓу кои и нашата ПрогенЗ.

Ја користиме оваа прилика да му честитаме на организаторот на овој настан, Македонското здружение за заштита при работа за професионално организираниот настан и посакуваме и идни вакви бројни настани кои имаат за цел афирмација на заштитата при работа.

Повеќе информации на страната на МЗЗПР

Со почит,

Снежана Јанкова Петковска

Управител

Со пригодна церемонија, кај единствениот споменик на загинатите работници во Македонија (познатиот "Рудар" во Маврово), заедно со колегите од Македонското здружение за заштита при работа, преставниците од Конфедерацијата на Слободни Синдикати и Сојузот на Синдикатите на Македонија, ПрогенЗ им оддаде почит на сите загинати работници во изминатата 2012 година. 

 

Почитувани,

Ве известуваме дека ПрогенЗ како дел од организацискиот одбор на Конференцијата е во фаза на организирање на првата меѓународна балканска регионална конференција "БЗР БОН-ТОН", која ќе се одржи во Охрид, Македонија, во период од 29-31 октомври 2015 година.

kompletno logo

Се одлучивме на овој начин да ја поддржиме идејата за една ваква конференција, бидејќи за прв пат во историјата на регионот, се одржува една ваква конференција која не е организирана од еден субјект ами од повеќе нив; професионални невладини организации, универзитети и од други чинители од областа на безбедноста и здравјето при работа. Ние сме единствена приватна фирма од областа на безбедноста и здравјето при работа која се јавува како организатор, што самото по себе не прави исклучително горди и единствени. Уште еднаш покажуваме зошто сме број 1 компанија во оваа област и зошто како таква несебично вложуваме во развојот на безбедноста и здравјето како основно човеково право.

Идејата на организацискиот одбор на Регионалната конференција е истата да прерасне во традиционална и која секоја година ќе се реализира во друга земја. Оваа година ќе се одржи во Македонија, но веќе следната во 2016 година ќе се одржи во некоја друга земја од регионот, и така натаму во земјите од Југоисточна Европа.

Нејзина цел не е да стане најмасовна конференција во регионот, но повеќе да биде престижна, каде што клучните носители на одлуки и актери во областа на безбедност и здравје ќе имаат единствена можност да се состанат, да дискутираат и да се запознаат со предизвиците на професијата во регионот на Југоисточна Европа. Тоа ќе биде далеку од најважните работи во промовирање на безбедноста и здравјето во регионот на Југоисточна Европа во последните неколку децении.

Ве покануваме да дојдете на овој несекојдневен настан и да бидете дел од историјата, која и овојпат, кога станува збор за заштитата при работа, започнува во Македонија.

 

Во најновиот број на „Службен весник на Р.М” е објавен „Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа”. Истиот беше донесен од Собранието на Република Македонија на 27 октомври 2014 година. Измените може да ги погледнете на следниот линк.

 

 

 15 и 16 мај 2015 година Обзор, р. Бугарија  

Претставници на ПрогенЗ учествуваа на првата меѓународната конференцијата за безбедност и здравје при работа која се одржа во Обзор, р. Бугарија од 15 до 16 мај 2015 година, во организација на Фондацијата „Центар за безбедност и здравје при работа". Тема на оваа конференција беше континуирана професионална едукација. Г-дин Милан Петковски, претседател на МЗЗПР одржа презентација на тема работата и дејствувањето на МЗЗПР. На конференцијата беше создадена и неформалната мрежа BALCanOSH Network

Во духот на унапредување и поголема професионализација и афирмација на заштитата при работа како во Република Македонија, така и вон неа, нашата компанија и понатаму ќе ги помага и директно и индиректно ќе учествува во активностите на професионалните организации на инженерите по заштита при работа, така и на стручните лица за безбедност при работа.

(Слика: Маскотата на евопската агенција за безбедност и здравје при работа НАПО, со управителот на фирмата ПрогенЗ, г-ѓа Снежана Јанкова Петковска, д.и. ЗПР)
Sneze i NAPO 

 

 

ПРОГЕН З

Иновативни методи за зачувување на безбедноста и здравјето на Вашите вработени