Безбедноста и здравјето е интердисциплинарен концепт на добросостојбата на луѓето кои се вклучени во процесот на работа. Но, во исто време, и заштита на работодавачите од непредвидени и неконтролирани економски и материјални загуби, што произлегуваат од штетите настанати од непримената на мерките за безбедност и здравје на работа. Како секундарен ефект се јавува и заштитата на колегите со кои работиме, индиректно нашите семејства, како и пошироката заедница.

Според дефиницијата на МОТ (Меѓународна организација на трудот / International Labour Organization) од 1950 година со најновата ревизија од 1995, безбедноста и здравјето при работа цели кон:

  • Унапредување и одржување на највисокото ниво на физичка, ментална и социјална добросостојба на работниците од сите професии;
  • Заштита на здравјето на работниците предизвикано од работните услови;
  • Заштита на работниците при работењето од ризиците кои резултираат од фактори штетни по здравјето;
  • Поставување и зачувување на работникот во работна средина приспособена на неговите физиолошки и психолошки можности;
  • Работата да се приспособи кон човекот, а не обратно.

Значи, оваа област подразбира создавање здрава, хумана и безбедна работна средина. Појдовните основи за дефинирање на соодветна и професионално изведена безбедност и здравје при работа, може да се побара поаѓајќи од неколку основи:

МоралнаМорална основа
Секој човек има право на живот (право на добро здравје и лична безбедност), право на работно место без ризици по неговото здравје и безбедност

ЕкономскаЕкономска основа
Безбедност и здавјето при работа недвосмислено претставува промислен пристап при заштеда на финансиски и материјални средства, како на вработените (трошоци за лекување, намалена работна способност, итн.), работодавачите (компензација за лекување, казни за непримена на заштитни мерки, дополнително работно време за изработка, итн) така и за самата држава каде што неконтролирано се исцрпуваат средствата од социјалните фондови за надокнада на лекувањето, периодот за закрепнување, итн

ПравнаПравна основа
Речиси во сите земји оваа област е регулирана со законски и подзаконски акти кои ја регулираат оваа област. Таков е и случајот со Република Македонија, во која веќе 40 години оваа област ја регулираат соодветни законски и подзаконски регулативи.

Безбедноста и здравјето при работа има смисла единствено кога е приспособена на работникот, т.е. учесникот во работниот процес. Без работа нема потреба од ова, т.е. преземање мерки за подобрување на безбедноста и здравјето при работа. Секој од нас при работењето, зависно од опасностите и штетностите присутни во работната средина (и кон, и од неа), е соочен со бројни ризици по здравјето, како што се: прав, бучава, гасови, екстремни температури, вибрации, итн.

Лошите работни услови од било каков вид може да влијаат врз здравјето и безбедноста на работникот. Нездрави, или небезбедни работни услови има насекаде, независно каде се наоѓа работното место (на отворено - земјоделство, во затворено - фабрика, канцеларија, под земја, над земја итн).

Лошите работни услови не ретко влијаат и врз животната средина (пр. со употребата на отровни хемикалии - пестициди се загадува воздухот, водата, почвата), со што незаобиколна е поврзаноста меѓу работната и животната средина, како и заемното кумулативно штетно влијание врз живиот свет. Имајќи ја оваа одговорност задолжително е секој индивидуално да работи на подигнување на личната и свеста на пошироката јавност, вклучувајќи ги колегите соработници и работодавачите за значењето, правата и обврските во однос на прашањето за безбедни и здрави услови при работа. За ова да го оствариме, првенствено треба да си зададеме јасни и недвосмислени цели и задачи.

Најефикасната превенција од несреќи и заболувања започнува уште при самото организирање на работните процеси, кога безбедните работни услови може да се вградат во самиот работен процес.

Во превентивни мерки спаѓаат контролните мерки: елиминација, суспституција, инженерските контроли, административните контроли и други контролни методи.

Законска регулатива

ПРОГЕН З

Иновативни методи за зачувување на безбедноста и здравјето на Вашите вработени